Папа Лав XIV EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Односите меѓу Трамп и папата Лав XIV ќе бидат крајно проблематични?

Католицизмот ретко бил поистакнат во американската политика отколку што е сега, бидејќи администрацијата на претседателот Доналд Трамп отворено ги прифаќа советниците и официјалните лица кои гордо велат дека верата ги обликувала нивните ставови.

Ова го наведува Би-Би-Си на почетокот на анализата за можниот иден однос на американските власти кон нивниот сонародник, новиот папа Лав XIV.

Се вели дека секоја прослава поради изборот на Американец за нов папа на крајот на минатата недела брзо се распадна, бидејќи клучните луѓе од движењето на Трамп „Направи ја Америка повторно голема – МАГА“ дојдоа до разочарувачки заклучок: првиот американски папа во историјата се чини дека не е од тимот „Америка на прво место“, што беше уште еден од клучните слогани на Трамп во кампањата.

Малку се знае за политичките наклонетости на папата Лав XIV, роден како Роберт Францис Превост во Чикаго.

Познато е дека тој изразува загриженост за сиромашните и имигрантите, избра име што може да се однесува на полибералното црковно раководство и се чини дека го поддржа либерално наклонетиот папа Фраанцис  и ја критикуваше политиката на Трамп на социјалните мрежи, барем судејќи според твитовите објавени во далечната 2025 година на X (порано Твитер) од сметка на неговото секуларно име.

По назначувањето на новиот папа, Трамп даде само една кратка изјава и само рече дека изборот на Лав XIV е „голема чест“ за САД.

Сепак, некои од најистакнатите поддржувачи на Трамп брзо го нападнаа папата Лав XIV, критикувајќи го како потенцијален предизвикувач на Трамп и перцепцијата дека ќе го следи ставот на починатиот папа Франциско за прашања како што е имиграцијата.

– Мислам дека тоа е малку зачудувачки. За мене е шокантно што за папа е избран човек кој имал профил на Твитер и објави насочени против високи американски политичари – изјави за Би-Би-Си поранешниот главен стратег на Трамп, Стив Банон.

Стив Банон / Фото EPA-EFE/DIEU-NIALO CHERY

Британскиот медиумски сервис потсетува дека овој лојалист на Трамп е припадник на екстремната десница и католички верник.

Во таа изјава, Банон предвиде дека „дефинитивно ќе има конфликт “ меѓу Лав XIV и Трамп.

Братот на папата, Џон Превост, изјави за „Њујорк тајмс“ дека мисли дека Лав XIV нема да се согласи со американскиот претседател.

– Знам дека не е задоволен од она што се случува со имиграцијата. Тоа сигурно го знам. Колку далеку ќе одат со тоа е ничија претпоставка, но нема само да седат настрана. Мислам дека нема да биде тој што ќе молчи – изјави братот на новиот поглавар на Римокатоличката црква.

Податоците од неодамнешните анкети во САД покажуваат дека околу 20 отсто од Американците се идентификуваат како католици, а од тој број, околу 53 отсто се идентификуваат со Републиканската партија или се приклонуваат кон таа политичка опција, иако има исклучоци: двајца американски католички претседатели, Џон Ф. Кенеди и Џо Бајден, биле демократи.

Американски католици
фото EPA-EFE

Анкетите, исто така, покажуваат дека речиси две третини од американските католици веруваат дека абортусот треба да биде легален во сите или повеќето случаи – отстапување од сегашната позиција на Ватикан.

Американските католици, исто така, во голема мера го поддржаа папата Франциско: 78% од испитаниците позитивно гледаа на неговата работа во февруари оваа година, вклучително и мнозинството католички републиканци.

Сѐ годинава ќе зависи од Трамп – Фотографија ЕПА, Бренден Камп

Иако поддржувачите на МАГА претставуваат мал дел од американските католици, тие имаат огромен пристап до конзервативните медиуми и поддршката на Трамп.

Во подкастот „Воена соба“ на Банон – познат по својата екстремно десничарска, про-Трамп ориентација – гостите еден по друг го нападнаа новиот папа, критикувајќи го Лав XIV.

– Овој човек (Лав XIV) беше масовно прифатен од либералите и прогресивците. Тој е еден од нив… во себе ја има ДНК на (папата) Франциско – изјави Бен Харнвел, новинар кој е еден од блиските соработници на Банон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот