
Одморот на романски турист во Италија стана кошмар: Завршил во затвор, по грешка го помешале со криминалец
Романец кој пристигнал на одмор во Италија со семејството бил уапсен уште на првиот ден од страна на карабињерите, кои го помешале со баран криминалец. Поминал речиси еден месец во затвор пред да биде ослободен…
Препорачано
„Кошмарот заврши“, рекол Овидиу А., 30-годишен Романец, додека го напуштал затворот Порденоне во северна Италија, според „Кориере дел Венето“.
„Конечно може да ги бакне сопругата и ќерките“, кои чекаа на негово ослободување од 24 август, денот кога беше уапсен, изјавил за АФП неговиот адвокат Стефано Де Роса.
Туристот, по потекло од градот Јаш во Романија, отишол да помине неколкудневен одмор со своето семејство во Каорле, во близина на Венеција.
Но, тој имал несреќа да го има истото име како друг Романец кој бил осуден на две години затвор во Италија за тешка кражба и по него трагала полицијата.
Името, кое било регистрирано во хотелот, кренало тревога и туристот бил уапсен од карабинерите веднаш по појадокот во хотелот, првиот ден од неговиот одмор.
Адвокатот се мачел да добие документи што докажуваат дека станува збор за грешка, бидејќи првото судење за тешка кражба датира од 2014 година, а конечната пресуда од 2020 година, објаснил тој за АФП.
„Компјутерските системи на полицијата, карабинерите, судот и затворот не се поврзани и морав да ги замолам сите да ми ги испратат документите“, објаснил тој.
Според „Кориере дел Венето“, се очекува туристот и неговото семејство да останат во Италија уште неколку дена за да го продолжат одморот пред да се вратат во Романија.