Фото: EPA-EFE/DUSTIN BRADFORD

Одлична вест за Србија: Јокиќ одлучил да игра на Олимписките игри

Навивачите на Србија добија одлична вест – Никола Јокиќ донел одлука да го носи дресот на националниот тим на Олимписките игри кои ќе се играат во Париз.

Јокиќ не настапи за Србија на последното Светското првенство под изговор дека сака да одмори од напорната сезона со Денвер. Сезонава кога Денвер беше порано елиминиран и не стигна до финалето каде што беше лани и ја освои титулата, Јокиќ одлучил да им помогне на своите сонародници.

Информацијата дека Јокиќ одлучил да игра за Србија ја објави новинарот Марко Љубомировиќ.

Денвер сезонава не успеа да стигне ниту до конференциското финале бидејќи во полуфиналето актуелниот шампион беше запрен од Минесота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот