Фото: ОФМ

Одбојкарките убедливо поразени од Швајцарија

По победата против Луксембург, македонската женска одбојкарска репрезентација денеска се соочи со сурова реалност. Во вториот натпревар од Сребрената европска лига, нашите одбојкарки беа поразени од Швајцарија со 3-0 во сетови (25-7, 25-16, 25-6).

Швајцарките доминираа од почеток до крај, не оставајќи простор за изненадување. Македонија тешко се снаоѓаше на теренот, особено во првиот и третиот сет, каде што освои само по седум, односно шест поени. Единствено нешто повеќе отпор „црвено-жолтите“ прикажаа во вториот сет, кој заврши со 25-16.

Најефикасна во нашиот состав беше Стојовска со седум освоени поени, но тоа не беше доволно да се избегне високиот пораз.

Следен предизвик за македонската репрезентација е вториот турнир во Сребрената лига кој ќе се одигра на Фарските Острови, каде што ќе се соочиме со домаќинот и со селекцијата на Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот