Фото: Halyna Kubei / Alamy / Profimedia

Од тренд на социјалните мрежи до откритие на психолозите: Како „Теоријата на црвените нокти“ може да ви помогне во потрагата по партнер?

Доколку редовно ги следите социјалните мрежи, особено ТикТок, веројатно сте налетале на виралниот тренд „теорија на црвените нокти“, пишува „Е-клиника“.

Според креаторката на содржини Робин Делмонте, која прва го употреби овој термин, доколку носите црвен лак на ноктите, сигурно ќе ја привлечете вниманието на потенцијален додворувач. А потоа се вклучија и психолозите и терапевтите за љубовни односи…

Откако видеото стана вирално, корисници на ТикТок ја тестираа теоријата и ги споделија своите успеси (но и неуспеси). Креаторката од Њујорк, Тејлор Донохју, откри дека дури четворица мажи ѝ пришле на улица само два дена откако ставила црвен маникир и ја поканиле да излезат. Слично, Мелис Мартино изјави дека била поканета на пет или шест средби во рок од две до три недели откако почнала да носи црвен лак.

Голем број други кориснички истакнале дека нивните партнери не можат да им одолеат кога носат црвен лак, а многумина нагласиле дека црвените нокти им се далеку поатрактивни од која било друга боја.

„Нашата склоност кон црвените усни, румените образи и, да, црвените нокти, може да биде несвесен начин на сигнализирање плодност“, вели д-р Венди Волш.

Овој тренд предизвика интерес и кај стручњаците за ментално здравје и терапевтите за партнерски односи, кои укажаа на психолошките и културолошките фактори што можат да влијаат на привлечноста на црвените нокти.

„Теоријата на црвените нокти, поедноставено, претпоставува дека мажите повеќе ги привлекуваат жени кои носат црвен лак,“ вели терапевтката за секс и врски д-р Мелиса Кук.

„Црвениот лак на ноктите сугерира самодоверба, женственост и сензуалност, што може да предизвика зголемено внимание од спротивниот пол“, додава таа.

Покрај психолошките, постојат и еволутивни причини зошто црвената боја несвесно нè привлекува.

„Иако луѓето еволуирале така што овулацијата не е видлива, кај другите примати постои систем на сексуална комуникација, обично во вид на црвенило и отекување на гениталната област“, објаснува д-р Волш.

Истражување од 1999 година покажало дека овие знаци кај женките на приматите го сигнализираат периодот на овулација и влијаат на однесувањето на мажјаците.

Друго истражување, од 2008 година, дополнително потврди дека црвената боја привлекува мажи, а тоа има биолошка основа.

„Мажите, без стратегија или калкулација, ги оцениле жените во црвено како поатрактивни и посакувани,“ се наведува во студијата.

Доволно е да се потсетиме на филмските заводнички од старата холивудска ера – со црвен кармин, долги црвени нокти или елегантни црвени фустани.

„Од Скарлет О’Хара во „Пројде со виорот“ до хероината во „Жената во црвено“, црвената отсекогаш се поврзувала со слободни, заводливи и бунтовни жени“, истакнува д-р Волш.

Д-р Кук додава: „Културолошки, црвената боја се врзува за моќ, заводливост и женственост. Во дваесеттиот век, во Холивуд, црвените нокти и кармин станаа симбол на гламур и белег на силни женски ликови. И денес тие остануваат знак на класична убавина и самодоверба“.

Истражувањата покажуваат дека жените кои носат црвено – било да е тоа лак, кармин или облека – добиваат повеќе пораки на социјалните мрежи и на апликациите за запознавање.

Искуствата од секојдневието го потврдуваат ова.

„Веќе една недела носам црвени вештачки нокти и и мажи и жени ми приоѓаат со комплименти,“ вели Сандра Салватијера (24).

„На состанок бев скоро, и момчето веднаш ми ги пофали ноктите“, додава таа.

Лесего Тлахаби (35) пак раскажува за ефектот кај својот партнер: „Немам повеќе додворувачи, но моето момче постојано вели дека овие ми се најубавите нокти досега. Вели дека се многу секси“.

И покрај бројните сведоштва и студии, експертите предупредуваат дека работите не се толку едноставни.

„Иако црвените нокти можат да привлечат внимание, тоа не значи дека секогаш ќе биде внимание какво што жената посакува. Додека многумина ја поддржуваат теоријата, постојат и оние кои ја отфрлаат токму за да избегнат несакани реакции“, вели д-р Волш.

Д-р Кук нагласува: „Привлечноста е сложена и зависи од многу фактори, не само од изгледот. Фокусирањето исклучиво на црвени нокти може да доведе до површни врски и занемарување на поважните аспекти на компатибилноста“.

На крајот, таа додава: „Црвениот маникир може да предизвика интерес, но она што задржува некого се автентичноста, личниот контакт и шармот“.

„Теоријата на црвените нокти не е ниту вистинита ниту погрешна. Нема гаранција дека ќе привлечете некого, а уште помалку дека ќе изградите силна врска. Најважно е да се изразувате автентично и да носите нешто што ве прави самоуверени, наместо да следите тренд кој можеби не ја одразува вашата личност,“ заклучува д-р Кук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот