Фото: ФФМ

Oд среда во продажба билетите за натпреварот Англија – Македонија

Од среда во продажба влезниците за мечот Англија – Македонија на „Олд Трафорд“

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Англија – Македонија кој ќе се одигра на 19 јуни на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе бидат пуштени во продажба во на 10. Мај (10 ч), објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Билетите по цена од 30 и 40 британски фунти ќе можат да се купат директно од англиската федерација, а на веб-сајтот на ФФМ е споделен и линкот на кој може да се купат влезниците.

На навивачите на македонската репрезентација  кои се резиденти во Обединето Кралство. билетите по купувањето ќе им бидат доставени до домашна адреса. Другите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на денот на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот