Фото: Screenshot

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Од шоу до „обид за убиство“: Син на ММА легенда брутално претепа кечер

На кечерски настан во Калифорнија дојде до шокантен и брутален инцидент кога Раџа Џексон, синот на славниот ММА борец Квинтон „Ремпејџ“ Џексон, физички нападна и претепа еден од учесниците, Стјуарт Смит, познат на публиката како Сајко Сту.

Инцидентот се случил откако Сту, погрешно идентификувајќи го Раџа како дел од програмата, пред настанот го удрил со конзерва во главата. Подоцна, откако сфатил дека направил грешка, Сту се извинил и двајцата се договориле дека Џексон ќе влезе во рингот само симболично, со техника на соборување, без понатамошно насилство. Сепак, ситуацијата не се одвивала според договорот.

Снимките од настанот покажуваат дека Џексон, воден од гневот и желбата за одмазда, брутално го собори Сту и продолжи да го удира повеќе од 20 пати додека тој лежеше во несвест и тоа додека го стримаше настанот во живо. На социјалните мрежи оваа сцена предизвика бран реакции, при што многумина го нарекоа нападот „обид за убиство“.

Состојбата на Сајко Сту првично изгледаше критично, но најновите информации се охрабрувачки. Според неговиот колега Даглас Мело и братот на Сту, борецот моментално е во стабилна состојба и се наоѓа на интензивна нега.

„Претрпе неколку скршеници на лицето и изгуби повеќе заби“, изјави Мело. Братот на Сту додаде дека приоритет сега е неговото закрепнување, и упати благодарност до сите кои испраќаат поддршка.

Истрагата за инцидентот е во тек, а јавноста бара одговорност за ваквиот чин на насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот