
Од громови во Индија загинаа 147 луѓе за само 10 дена, се очекува уште полошо невреме
Индискиот метеролошки завод предупреди на уште повеќе молскавици во следните 48 часа.
Поради удари на гром во северната индиска држава Бихар во последните 10 дена загинаа 147 лица, соопштија локалните власти предупредувајќи на престојните, уште поекстремни временски услови до кои доаѓа поради климатските промени.
Препорачано
Од крајот на март во таа држава од удар на гром загинаа околу 215 луѓе, главно се работи за земјоделци, работници на село и одгледувачи на стока, објави АФП.
„Временските експерти и научници ме известија дека порастот на температурите поради климатските промени е главна причина за се поголем број на удари на молњи“, рече бихарскиот министер Лакшмешвар Раи и додаде дека само во саботата од удар на гром починале 25 лица.
Во Индија во 2018 година од громови загинаа повеќе од 2.300 луѓе
Индискиот метеролошки завод предупреди на уште повеќе молскавици во следните 48 часа.
Ударите на молњи и громови во текот на годинешниот монсун кој трање од јуни до септември прилично се чести во Индија. Но властите рекоа дека годинешниот број на жртви во Бихар го надминал вкупниот број на смртни случаи од громови иако сезоната на монсуни само што почна.
Минатата година од удари на гром во текот на монсунскиот период настрадаа 170 луѓе. Во соседната држава Утар Прадеш од април од молњи загинаа нешто повеќе од 200 лица.
Над 2.300 луѓе загинаа од громови во Индија во 2018 година.