
Од диви депонии низ Скопје во 2024 се отстранети повеќе од 22 илјади кубици ѓубре
Во текот на изминатата година ЈП „Комунална хигиена“ отстранила вкупно 22194 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.
Препорачано
Најмногу диви депонии во текот на 2024 година се расчистени во општините Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром, каде, како што велат од претпријатието, е констатирана и најчеста појава на таканаречени „црни точки“, односно локации каде што во рамките на подолг временски период е забележано континуирано непрописно одлагање отпад.
ЈП „Комунална хигиена“ информира дека граѓаните можат бесплатно да го депонираат кабастиот отпад и неупотребливите електронски и електрични уреди во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, од 9 до 19 часот.
Воедно, на бесплатниот телефонски број 0800 222 33, жителите на градот Скопје може да ја нарачаат и услугата за преземање и транспорт на кабастиот отпад директно од нивните домови со специјалните возила на ЈП Комунална хигиена-Скопје, што се наплатува согласно ценовникот објавен на веб-страницата на Претпријатието.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
13мин
-
20мин
-
29мин
-
48мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5