Косово граница / Фото Архива

Од денеска стапи на сила безвизниот режим за Косово

Државјаните на Косово од денеска ќе патуваат во ЕУ без потреба од издавање виза за период на престој до три месеци. Стапува безвизниот режим за државјаните на Косово.

Косово беше последната од шесте земји од Западен Балкан на кои им беше одобрено укинување на визите за ЕУ.

Според Европската комисија, извршното тело на ЕУ, Косово до 2018 година ги исполнило сите неопходни критериуми за безвизно патување, вклучително управување со границите и миграцијата.

Новите правила ќе им овозможат на граѓаните на Косово да патуваат во ЕУ без визи за период на престој од 90 дена во рамките на секој период од 180 дена.

Пред ЕУ да го укине визниот режим со Косово, носителите на неговите пасоши можеа без виза да патуваат само во 14 земји низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот