Грант Шапс / Фото EPA-EFE/NEIL HALL

Од Британија велат дека последниот напад над руската флота докажува дека нема пауза во војната во Украина

Британскиот министер за одбрана Грант шапс денеска изјави дека со нападите врз руската флота во Црно Море се покажува дека грешат оние кои веруваат дека има пауза во војната во Украина.

„Ова последно уништување на морнарицата на Путин покажува дека грешат оние кои веруваат дека има пауза во војната во Украина! Тие не забележаа дека во последните четири месеци се уништени 20 отсто од руската Црноморска флота“, напиша Шапс на платформата X.

Со тоа, наведе тој, сега е доведена во прашање руската доминација во Црното Море, а новата Коалиција за поморски способности, предводена од Велика Британија и Норвешка, помага да се обезбеди победа на Украина на море.

Украинските медиуми претходно објавија дека рано утринава украинските воздухопловни сили со крстосувачки ракети го нападнало големиот десантен брод на руската црноморска флота „Новочеркаск“, кај Феодосија.

Јужните одбранбени сили на Украина на каналот Телеграм споделија фотографија од остатоците на рускиот амфибиски јуришен брод Новочеркаск.

„Мали оштетувања на големиот амфибиски јуришен брод Новочеркаск… Или, поточно, неговите помали остатоци“, се наведува во извештајот на украинското воздухопловство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот