
Од безбедносни причини, мечот Србија – Албанија ќе се игра во Лесковац
Како што објави Фудбалската федерација на Србија, во согласност со Фудбалската федерација на Албанија, УЕФА одобри квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 закажан за 11 октомври од 20.45 часот, да се игра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По натпреварот со Англија во Белград, одлуката за промена на местото на одржување е донесена врз основа на детална анализа на сите аспекти поврзани со организацијата на спортски настан со висок ризик, како што е претстојниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија.
Како што соопштија од српската фудбалска федерација, клучната причина е безбедноста. Не само за публиката, туку пред сè за играчите и сите други засегнати страни во натпреварот. Ваков меч носи највисоко ниво на ризик и бара целосна контрола за да се спречат инциденти како оние што веќе имавме можност да ги видиме на натпреварите меѓу овие два тима. Сите добро ги паметиме настаните и последиците од Белград во 2014 година.
Фудбалската федерација на Србија е под посебно внимание од дисциплинските тела на ФИФА и УЕФА веќе долго време поради инциденти на трибините, што подразбира реален ризик од строги казни, па дури и подолги суспензии. Промената на локацијата и организацијата на натпреварот во Лесковац значително го намалува ризикот од можни ексцеси и со тоа придонесува за заштита на угледот на српскиот фудбал и интересите на репрезентацијата.
Фудбалската федерација на Србија изразува благодарност до УЕФА и Фудбалската федерација на Албанија за нивното разбирање и конструктивна соработка при донесувањето на оваа одлука.
Преземено од: Спорт.ком.мк