Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Од Баерн го потврдија доаѓањето на Компани: Гвардиола многу ни помогна

Директорот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге го потврди она што подолго време се најавува во медиумите, Винсент Компани ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен.

Баерн Минхен уште пред неколку месеци одлучи да се раздели со Томас Тухел, но веќе подолго време е во потрага по негов наследник. Со неколку тренери не успеаа да се договорат, а на крајот во Минхен ќе пристигне Компани.

Румениге откри дека клубот во изборот на Компани се советувал со Пеп Гвардиола кој денес го води Манчестер Сити, а во минатото седеше на клупата и на Баерн.
„Нашиот директор донесе одлука Винсент Компани да биде наш главен терен. Ги комплетираме финалните детали и веднаш потоа се ќе биде официјално објавено. Пеп Гвардиола исто така многу ни помогна, ни кажа големи зборови за Винсент како тренер и како човек. Пеп го познаваа и знае дека неговото мислење ни беше важно“, изјави Румениге.

За јавноста изборот на Компани е малку чуден бидејќи Белгиецот сезонава не успеа да се задржи со Барнли во англиската Премиер лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот