Лекови апчиња во аптека / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Од 16 септември пациентите од аптеките ќе ги земаат бесплатно деветте нови лекови на позитивната листа

Деветте нови лекови на позитивната листа пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земаат од 16 септември, потврди денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

-Веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Одлуката влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатно, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле трошоците на нашите пациенти и граѓани, вели Таравари.

Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека.

– Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари.

Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски производители да конкурираат и да бидат активни.

Прашан дали некоја фирма се има јавено на тендерот за компресорките станица во Клинички центар –Скопје кој истекува утре, Таравари вели дека сигурно утре ќе добие информации за оваа постапка.

– Утре е 12 септември и ќе добиеме сигурна информација и ќе побараме и како Министерство сме обврзани да излеземе пред јавноста и да кажеме колку фирми конкурирале, дали повторно ниедна фирма не конкурирала. Јас не би сакал да не конкурирала ниедна фирма. Би сакал да има барем еден минимум, а камо среќа и два-три за да започнеме со уредување, средување на компресорската станица, вели Таравари.

Посочи дека оваа тендерската постапка е важна за да продолжат инвестициите особено во хируршките сали и во Скопје и во другите Клинички болници.

– Така што многу ни е битно ова да го средиме па да започнеме со реновирање на хируршки сали и во „8 Септември“, и во Клинички центар, и во Тетово, премиерот кажа и болници се надевам Струмичката болница набргу да ја промовираме, а во меѓувреме да започнеме што побргу и во болниците во Штип и во Тетово, изјави Таравари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот