Штрајк на аеродроми во Германија во 2024 година / Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Од 12 октомври ЕУ го воведува ЕЕС системот, ќе важи и за македонските државјани

Системот за влез/излез во Европската Унија (ЕЕС) започнува со постепена примена од 12 октомври, најави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Станува збор за мерка што има цел да ја зајакне безбедноста на надворешните граници на ЕУ и во исто време да го олесни влезот за патниците.

Според Рокас, граѓаните од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечатоци и фотографија, по што при следните влезови ќе можат да користат автоматски терминали на аеродромите. Тој потенцираше дека овој систем не треба да се меша со ЕТИАС, за кој дополнително ќе има информации за имплементацијата.

ЕЕС е заеднички електронски систем кој ќе ги евидентира датумите, времето и местото на премин на надворешните граници на ЕУ. Со ова дефинитивно ќе се укине печатирањето пасоши. Системот автоматски ќе го пресметува дозволениот престој за државјаните на трети земји и ќе испраќа предупредувања кога тој рок ќе биде надминат.

Примената на ЕЕС беше првично предвидена за ноември 2023 година, но беше одложена поради неподготвеност на дел од земјите членки. Европската комисија затоа одлучи воведувањето да биде постепено.

Нови правила на границите за влез во ЕУ, ќе важат и за нас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот