Обвинителството ќе испитува дали е лажен сертификатот за англиски јазик на Бојан Христовски

Скопското основно јавно обвинителство (ОЈО), дејствувајќи по допрен глас, ќе ги испита индициите околу уверението за положен ТОЕФЛ испит за познавање англиски јазик на новоизбраниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски, објави „СДК.мк“ повикувајќи се на извори во Обвинителството. Доколку Антикорупциската комисија во разумен рок не постапи, односно не ја заврши проверката која веќе е започната, ОЈО Скопје нема да ја чека и ќе отвори предмет.

Доколку сомневањата се основани, тогаш ќе се отвори (пред)истрага и македонското јавно обвинителство ќе бара докази преку соработка со колегите од Бугарија, пишува порталот.

Христовски во официјалната биографија навел дека во март 2022 зел ТОЕФЛ-сертификат за англиски од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија. На почетокот на овој месец, две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затвор бидејќи кога конкурирале за функцијата како доказ за познавање на англиски јазик приложиле ТОЕФЛ-сертификат издаден од истата компанија во ноември и декември 2022 година. На обвинението му претходеле кривични пријави од МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина, поднесени на 14 февруари, во периодот кога со овој ресор раководи Панче Тошковски како технички министер.

Засега нема докази дека бугарското училиште за странски јазици, чија страница на „Фејсбук“ вчера беше избришана, е дел од измамничка мрежа за лажни ТОЕФЛ-уверенија, кои ги продавало за одредена сума пари.

Севдије Коџа признала во суд дека лажниот сертификат по англиски ѝ е од школото „Јулија“ од каде сертификат има и директорот на АНБ Бојан Христовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот