Бојан Христовски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Обвинителството добило одговор од Бугарија за сертификатот по англиски на Бојан Христовски

Основното јавното обвинителство Скопје го добило од Бугарија одговорот што преку меѓународна правна помош го бараше во врска со предистражната постапка што ја води за ТОЕФЛ-сертификтот на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, потврди вечерва државниот обвинител Љупчо Коцевски во гостување на „Телма“.

Тој не сакаше да открие повеќе детали.

„Ние побаравме меѓународна правна помош и еве можам да кажам во овој момент дека добивме, имаме одговор во однос на нашето прашање, односно тоа што беа наводите во пријавата и она што медиумите го објавуваа, меѓутоа во овој момент нема да ви откријам што содржи тој одговор“, рече Коцевски.

Сепак, обвинителот наведе дека тоа што го добиле било поттик да испитуваат и други околности и факти и најави дека наскоро ќе донесат одлука.

„Токму тој одговор нè поттикна сега да испитуваме и други околности и други факти, така што набргу ќе излеземе со одлука. Значи по меѓународна правна помош стигна од Бугарија, дали работела или не таа школа и дали издавала или не такви сертификати“, рече Коцевски.

Прашан зошто оделе по „заобиколен пат“, односно преку меѓународна правна помош, бидејќи според пишувањето на „Призма“, во случајот со двете директорки кои беа осудени за лажни ТОЕФЛ-сертификати, полициски инспектор кој работел на случајот директно се обратил на американската компанија која ги издава сертификатите и одговор добил за неколку дена, Коцевски рече дека не знае за тие околности.

„Не тргнавме по подолгиот пат, туку тргнавме по наводите во кривичната пријава и она што беше објавено во медиумите. Она што беше во кривичната пријава, имаше две кривични пријави и се наведе дека има сертификат издаден од Бугарија од таа школа за ТОЕФЛ…И да баравме директно од Америка, порано од шест месеци не можевме да добиеме затоа што сите барања што ги доставуваме по меѓународна правна помош отприлика тука е времето. За тие околности не знам, но оваа околност, она што ни беше наведено во кривичната пријава дека постоел таков сертификат од таа школа издаден итн. И дека со тој сертификат наводно сакал да аплицира и за функција во ‘Паркинг’ и за функција асистент на факултетот и дека тој сертификат го дал и за директор на АНБ, така што можам да кажам добиено е она што го баравме, меѓутоа содржината во моментов не можам да ви ја откријам“, рече Коцевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот