Искинато македонското знаме на Бит-пазар / Фото: Икс / скриншот

Обвинителството бара продолжување на притворот за обвинетите кои палеа знамиња

Против четири лица е поднесено обвинение за сторено дејство кое содржи елементи на кривичното дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бара Кривичниот суд да им го продолжи притворот на четворицата обвинети за сквернавење на државното и на албанското национално знаме. Против четворицата е поднесено обвинение за сторено дејство кое содржи елементи на кривичното дело предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

„Тројца од обвинетите се осомничени дека на 28 ноември, на прославата на Денот на независноста на Албанија и на албанското знаме, го кинеле, палеле и уништување државното знаме и предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол.Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост“, информираат од Обвинителство.

Дејствијата на сите обвинети, додаваат од ОЈО Скопје, предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот