
Обвинителство: Специјализираното одделение ги истражува случувањата во „Шутка“, ќе има постапки против инволвираните затворски полицајци
Од Основното јавно обвинителство денеска информираат дека Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во затворот „Скопје“.
Препорачано
„Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи информациите во врска со случувањата во затворот ‘Скопје’ и по добивање на идентитетот на инволвираните лица ќе постапи во рамките на своите надлежности за што јавноста ќе биде навремено информирана“, информираат од Обвинителството.
На социјалните мрежи вчера беа објавени фотографии од 20-годишниот Васил Јованов кој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова, во притвроското одделение во затворот во Шутка со мобилен телефон во рацете.
Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов за „Слободен чечат“изјави дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица.
Од семејството на Фросина побараа да се најде одговорниот што му дал телефон на Јованов.