Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Обвинение против Косовец – криумчарел 48.000 пара чорапи преку Блаце

Од Основното јавно обвинителство Скопје известуваат дека е поднесен обвинителен предлог против фирма од Косово и нејзиниот управител за криумчарење чорапи преку граничниот премин Блаце.

Имено, на 16 јануари на граничниот премин Блаце, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со кој пренесувал стока за правното лице, биле пронајдени вкупно 48.000 пара чорапи за кои не постоела соодветна документација и не биле наведени во царинската декларација.

Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле непријавената роба во вкупна вредност од 365.280 денари или околу 6.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот