Харисон Форд во „Смалување“ / Фото: Apple TV+ / Planet / Profimedia

Објавени номинациите за наградите „Еми“: Харисон Форд на 83 години за првпат се најде на листата

Американската академија за телевизиски уметности и науки ја објави листата на номинирани за 77. награди „Еми“. Овогодинашната церемонија ќе се одржи на 14 септември 2025 година, а водител ќе биде комичарот Нејт Баргац.

Меѓу номинираните оваа година доминира серијата „Одвојување“ (Severence), на „Епл“ која собра дури 27 номинации, што ја прави рекордер во категоријата драмски серии.

Меѓу комичните серии, друга серија на „Епл“ – „Студиото“ (The Studio), која освои 23 номинации и го израмни рекордот со минатогодишната сезона на серијата „Мечката“ (The Bear), која привлече големо внимание.

„Ејч-би-о“ доби најмногу номинации од која било телевизиска мрежа – дури 142, благодарение на серии како „Пингвинот“ (The Penguin), „Белиот лотос“ (The White Lotus), „Последниот од нас“ (The Last of Us) и „Хакс2“ (Hacks2).

Интересно е што Кети Бејтс стана најстарата номинирана актерка во категоријата главна актерка во драмска серија на 77-годишна возраст, додека Харисон Форд на 83 години е номиниран за „Еми“ за првпат во својата кариера благодарение на серијата „Смалување“ (Shrinking). Се истакна и Мартин Скорсезе, кој ја доби својата прва номинација за глума – за најдобар гостувачки актер во серијата „Студиото“. Официјалната веб-страница на Телевизиската академија ги објави номинациите.

Подолу е преглед на номинациите во најпопуларните категории:

Најдобра драмска серија

„Андора“
„Дипломатот“
„Последниот од нас“
„Рај“
„Пит“
„Одвојување“
„Бавни коњи“
„Белиот лотос“

Најдобар главен актер во драмска серија

Ноа Вајл
Стерлинг К. Браун
Адам Скот
Педро Паскал
Гари Олдман

Најдобра актерка во драмска серија

Кети Бејтс
Шерон Хорган
Брит Лоуер
Бела Ремзи
Кери Расел

Најдобар спореден актер во драмска серија

Зак Чери
Волтон Гогинс
Џејсон Исакс
Џејмс Марсден
Сем Роквел
Трамел Тилман
Џон Туртуро

Најдобра споредна актерка во драмска серија

Патриша Аркет
Кери Кун
Кетрин ЛаНаса
Џулијан Николсон
Паркер Пози
Наташа Ротвел
Ејми Лу Вуд

Најдобра комедија

„Основно училиште Абот“
“Мечката“
„Хакирања“
„Никој не го сака ова“
„Само убиства во зградата“
„Смалување“
„Студиото“
„Што правиме во сенките“

Најдобар глумец во комедија

Џејсон Сегел
Мартин Шорт
Џереми Ален Вајт
Сет Роген
Адам Броди

Најдобра глумица во комедија

Кристен Бел
Џин Смарт
Узо Адуба
Ајо Едебири
Квинта Брансон

Најдобар спореден глумец во комедија

Ајк Баринхолц
Колман Доминго
Харисон Форд
Џеф Хилер
Ебон Мос-Бахрах
Мајкл Ури
Бовен Јанг

Најдобра споредна женска улога во комедија

Лиза Колон-Зајас
Кетрин Хан
Хана Ајнбиндер
Џанел Џејмс
Кетрин О’Хара
Шерил Ли Ралф
Џесика Вилијамс

Најдобра минисерија или антологиска серија

„Адолесценција“
„Црно огледало“
„Умирање за секс“
„Чудовишта: Приказната за Лајл и Ерик Менендез“
„Пингвинот“

Најдобар главен глумец во минисерија или антологиска серија

Колин Фарел
Стивен Греам
Џејк Гиленхал
Брајан Тајри Хенри
Купер Кох

Најдобра главна женска улога во минисерија или антологиска серија

Кејт Бланшет
Меган Фахи
Рашида Џонс
Кристин Милиоти
Мишел Вилијамс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот