
Објавена листа на најпопуларни фетиши во 2024 година: Еден посебно ќе ве изненади
Апликација за запознавање „Бамбл“, објави листа на најпопуларни фетиши во 2024 година. Во истражувањето учествувале повеќе од 4.000 парови, пишува „Њујорк пост“.
Препорачано
На врвот на листата е продолжувањето на сексуалниот однос по доживеаниот оргазам. На второ место е сексот на балкон. Следува малку чуден фетиш – секс додека играте видеоигри, а на четврто место е будењето со орален секс. Многу парови уживаат во тренирањето голи, што го прави ова петти најпопуларен фетиш во 2024 година.
Резултатите од истражувањето покажаа и разлика во сексуалните преференции помеѓу генерацијата Зет, милениумците и генерацијата Икс. Членовите на генерацијата Зет се чини дека имаат понежен пристап кон сексот. Ова ги вклучува луѓето родени од средината на 1990-тите до раните 2000-ти.
Имено, кога ги прашале за нивните омилени сексуални активности, прегрнувањето било на прво место. Тие се повеќе срамежливи кога станува збор за користење на секс играчки.
Имено, 43 отсто од нив се изјасниле дека би биле отворени за таа опција. Поголемиот дел од милениумците (луѓе родени помеѓу 1980 и 1994 година) и членовите на генерацијата Икс (родени помеѓу 1965 и 1979 година), или 54 отсто, посочија дека користат секс играчки.