Фото: Profimedia

Објавена аудиоснимка од имплозијата на подморницата „Титан“, се слуша силен татнеж

Повеќе од година и пол по страшната несреќа на подморницата „Титан“, објавена е аудиоснимка од моментот на имплозијата која ги однесе животите на сите петмина патници на 18 јуни 2023 година.

Звукот е снимен од уред од Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), на околу 1.450 километри од местото на несреќата, според американското Министерство за одбрана.

Трагедијата се случи само два часа по почетокот на експедицијата, а меѓу жртвите беа британскиот милијардер Хамиш Хардинг (58), ко-основачот на OceanGate, Стоктон Раш (61), пакистанскиот бизнисмен Шазада Дауд (48) и неговиот деветнаесетгодишен син Сулеман Дауд, како и познатиот француски поморски истражувач Нјолет

Несреќата се случила оти пловилото не можело да го издржи екстремниот притисок на длабочината на која се наоѓал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот