Министерство за економија- табла / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Објавен јавен повик за поддршка на почнување сопствен бизнис

Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430 500 денари (7 000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250 000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615 000 денари (10 000 евра) за почнување бизнис.

Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, повикот ќе трае до 20 јуни, а може да аплицираат невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување, рурални жени, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, жени жртви на семејно насилтсво, повратници од странство и граѓани кои сакаат да ја формализираат дејноста.

Двете мерки предвидуваат и обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство.

-Нашата цел е јасна, да поддржиме што повеќе граѓани кои сакаат да градат нешто свое на одржлив и легален начин. Ова не е само финансиска помош, туку и директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и развојот на економијата. Ова не е само ветување, туку создавање реални можмности за вработување и развој – истакна Дурмиши на прес-конференција во Владата.

Од повикот, рече, се искллучени дел од земјоделските активности, такси превозот, игрите на среќа, осигурувањето и посредувањето при работување, а за лицата со попреченост и руралните жени се предвидени исклучоци согласно регулативата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот