Profimedia

ФОТО | Обидете се да погодите колку чини минијатурната чантичка на Клои Кардашијан

Клои Кардашијан е позната по својата листа на ексклузивни предмети, пред сè чанти, кои често потајно ги посакуваат многу дами.

40-годишната Клои Кардашијан пристигна на промоцијата на нејзиниот парфем XO Khloé во Хародс во Лондон облечена во елегантен светкав фустан со кој одлично го отелотвори духот на празниците што претстојат. Сепак, нејзината скапа чанта привлече посебно внимание!

Популарната Кардашијан на својот златен светкав фустан, украсен со детали од скапоцени камења, му додаде мала, но моќна чантичка, во која собира само мобилен телефон и кармин.

Profimedia

Станува збор за Hermés Mini Kelly во неутрална нијанса, кој моментално се продава по цена од 33.000 долари.

Чантите „биркин“ на Хермес, именувани по покојната британска пејачка и актерка Џејн Биркин, долго време се статусен симбол познат по своите ексклузивни листи на чекање.

Цената на чантите може да биде помеѓу 10.000 долари и 2 милиони долари!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот