Обезбедена вода за пиење за Синичане

Жителите во населеното место Синичане во Општина Боговиње од денеска ќе добиваат вода за пиење преку новиот цевковод изграден изминатите некоку месеци. Во јули и август изградбата на овој цевковод беше причина за несогласувања помеѓу Синичане и Урвич, поради користење на планински извор за вода.

Полицијата во одреден период го прекина изведувањето на работите за да спречи конфликт. До надминување на проблемот дојде по интервенција на Владата.

-Проблемот се реши со волја на Владата, со волја од Урвич, Синичане и јас како градоначалник, имавме средба со тогашниот технички премиер во Влада. Располагаме со целокупната документација и така се реши.  Неколку месеци работа но и полемика и „кревање прашина”, но еве денес дојдовме до ситуација да пуштиме вода за пиење за населено место Синичане. На крај добија сите, се доби правда, добија од Синчане, денес имаат вода за пиење. Целта борба беше само тука да имаме вода за пиење, не беше политика ни ништо, изјави градоначаникот на Боговиње, Албон Џемаили.

Спасовски: Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика

Станува збор за неколку километри долга траса со цевки која од планинските извори до Синичане ќе носи 25 вода во секунда.

-Вода се користи од неколку извори но треба да се интевенира во мрежата во Синичане, како и во базенот имаме уште многу работа. Основно го немавме, да имаме вода и да работиме. Сега има вода ќе работиме на останатото, рече градоначалникот.

-Вода сме полнеле во другите села, одевме со пластики. Досега имаше вода од канал, за ништо не можеше да се користи и затоа беше оваа иницијатива, изјави Елвир Нуриши од Синичане.

Околу 330 куќи и 4 илјади жители има во Синичане.

Полицијата на терен во тетовско Синичане за „бесправно градење” водоснабдителен систем, целта обезбедување јавен ред и мир

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот