Спасовски: Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика

На состанокот е изразена заедничка согласност и определба за изнаоѓање ефикасни правни механизми за надминување на актуелната ситуација со водоснабдувањето на селото Синичане и за поддршка од Владата за трајно решавање на прашањето со водоснабдувањето во општината.

Констатирано е дека постигнатото разбирање меѓу претставниците на локалната самоуправа на Боговиње и на селата Синичане и Урвич отвора можност за решение кое што ќе биде во интерес на сите страни.

-Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика. Владата е определена да најде решение и за актуелниот проблем со пристапноста до питка вода на жителите од село Синичане и за изнаоѓање трајно решение за снабдувањето со вода на селата во општината Боговиње. Ќе ги разгледаме правните и законски можности за ефикасно дејствување и во отворен дијалог со засегнатите жители, каков што е денешниот состанок- рече премиерот Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот