Генералното собрание на ОН/ Фото: МИА

Обединетите нации им го одзедоа правото на глас во Генералното собрание на шест држави

Венецуела, Либан и Јужен Судан го загубија правото на глас во Генералното собрание на ОН, поради доцнење со подмирувањето на нивните финансиски обврски кон буџетот на меѓународната организација, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

Правото на глас од исти причини веќе го загубија и Доминиканската Република, Екваторијална Гвинеја и Габон. Габон во моментов има претставник во Советот за безбедност со двегодишен мандат и оваа одлука на генералниот секретар не се однесува на неговото право на глас.

Повелбата на Обединетите нации предвидува дека членовите чии долгови се еднакви или поголеми од износот на нивните придонеси за претходните две цели години го губат правото на глас. Но, во исто време, Генералното собрание има моќ да одлучи „дека неплаќањето се должи на услови надвор од контрола на членката”, во кој случај земјата може да продолжи да гласа.

Генералното собрание одлучи африканските држави – Коморите, Сао Томе и Принципе и Сомалија, да ги задржат своите права на глас независно доцнењето со уплатата средства за ОН.

Како што е наведено во писмото на генералниот секретар, минималните плаќања потребни за враќање на избирачките права се 76.244.991 долари за Венецуела, 1.835.303 долари за Либан, 619.103 долари за Екваторијална Гвинеја, 196.130 долари за Јужен Судан, 61.620 долари за Габон и 20.580 долари за Доминиканската Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот