Руска армија Покровск EPA-EFE/OLEG MOVCHANIUK

Обединетите Арапски Емирати се нудат за домаќини на мировните преговори меѓу Русија и Украина?

Обединетите Арапски Емирати ги информираа Соединетите Американски Држави дека сакаат да бидат домаќини на разговори за ставање крај на војната во Украина, кои на крајот би можеле да опфатат мировен состанок меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави денеска Ројтерс, цитирајќи пет извори запознаени со ова прашање.

Извори на британската агенција наведуваат дека ОАЕ „сесрдно се обврзале да играат клучна улога во обидот да посредуваат во мировните преговори меѓу Русија и Украина“.

Според тројца од изворите, од САД и ОАЕ, претставници на ОАЕ му предложиле на Вашингтон земјата да биде домаќин на „мировен самит“, а двајца од нив рекле дека таков самит на крајот би можел да вклучи и средба меѓу Путин и Зеленски.

ОАЕ се појавија како водечки кандидат за првата средба меѓу Трамп и Путин, потврди четвртиот извор близок до Трамп.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ не одговори веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите главни приоритети е ставање крај на речиси тригодишниот конфликт во Украина, а вчера најави дека можеби ќе се сретне со Путин во Саудиска Арабија.

Неколку земји изразија интерес да бидат домаќини на средбата Трамп-Путин, меѓу кои Србија и Швајцарија, а Wall Street Journal објави дека и Кина е заинтересирана да биде домаќин на средбата, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот