
Новото засилување на РК Алкалоид, Аларов: Не сум човек кој прогнозира, наше е да работиме за резултат
Михаил Аларов е едно од новите имиња во тимот на ракометниот клуб Алкалоид. На 27-годишникот кој игра на позицијата пивот не му беше потребно многу време да се адаптира на новата средина, затоа што ќе ја дели соблекувалната со познати лица.
Препорачано
Подготовките течат во најдобар ред, целите се високи, но прогнози предвреме нема, вели Аларов.
– Работиме доста напорно, имаме доволно време да ја темпираме формата според желбите на тренерот Лазаров и добро да се спремиме за тешката сезона, која сигурно ќе биде највозбудливата досега. Ќе имаме и тежок противник во Европа, но ние како играчи даваме максимум секој ден, екипата е сложна, полека се подготвуваме за нашите цели кои сакаме да ги оствариме и исполниме.
Во РК Алкалоид се вклопив одлично затоа што играчите ги познавам од порано, условите за работа се одлични и професионални и немам никакви забелешки. Околу очекувањата за она кое ни следи, не сум човек кој сака да говори предвреме за трофеи, туку само да работиме и да градиме резултати.
Целите секако дека се високи, имаме желба да играме и групи во Европската лига на ЕХФ, а дали ќе успееме, времето ќе покаже. Наше е да работиме – рече Аларов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5