Скопје, 26 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Ново рочиште против обвинетите за протести за случајот ,,Монструм”

По предлог на одбраната денеска е предвидено да бидат сослушани сведоци.

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи рочиштето против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики, осомничени дека на 26 февруари учествувале во протестите против пресудата за случајот „Монструм”.

По предлог на одбраната денеска е предвидено да бидат сослушани сведоци.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

Претходно три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, а едно лице со осум месеци казна затвор.

На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот