
Новиот лидер на Германија најавува сеизмичка промена во односите меѓу Европа и САД
Во својот победнички говор, Фридрих Мерц, лидер на демохристијаните, рече дека „апсолутен приоритет“ е „да се зајакне Европа што е можно побрзо за да се постигне вистинска независност од Америка“.
Препорачано
Велејќи дека Америка е рамнодушна кон судбината на Европа, Мерц ја доведе во прашање иднината на НАТО и рече дека ќе побара од европските земји да ги зголемат трошоците за одбрана.
Ова е сеизмичко поместување.
Големите европски сили беа шокирани од администрацијата на Трамп, која сугерираше дека би можела да ги прекине безбедносните гаранции за Европа, кои се во сила од 1945 година.
„Никогаш не мислев дека ќе морам да кажам вакво нешто во ТВ емисија, но по изјавите на Доналд Трамп минатата недела… јасно е дека неговата администрација не се грижи многу за судбината на Европа“, рече Мерц за време на постизборната дебата во неделата.
„Мој апсолутен приоритет ќе биде да ја зајакнам Европа што е можно побрзо, за да можеме, чекор по чекор, навистина да постигнеме независност од САД“, додаде тој.

Мерц посочи дека потфатот е толку итен што тој не е сигурен дали лидерите на трансатлантската алијанса кои се собраа на самитот во јуни „ќе продолжат да зборуваат за НАТО во неговата сегашна форма или дали ќе треба многу побрзо да воспоставиме независна европска одбранбена способност“.
Аналитичарите сметаат дека со оваа изјава идниот германски канцелар ја ставил САД на Доналд Трамп на исто ниво со Русија, која се смета за безбедносна закана во Западна Европа.
Британскиот премиер во четврток, 27 февруари, заминува за Вашингтон, по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник.
Фридрих Мерц индиректно призна, дека има страв од пропуштање на настаните .
Тој смета дека Германија треба да биде таму оваа недела, бидејќи Берлин е една од најголемите европски сили, заедно со Франција и Велика Британија.
Но, Германија веќе некое време е на маргините на европската и светската сцена. Владата во заминување е ослабена и попречена од жестоки внатрешни несогласувања,наведува ББС
Ова, според истиот извори, ги налутило германските гласачи, кои бараа итно решавање на економските проблеми, како и на миграцијата.
Оттаму и најавите на Мерц дека главен приоритет на Германија е повторното ангажирање на меѓународно ниво.
Германија е веќе вториот најголем донатор на воена помош за Украина, по САД.

Мерц сака да ја продолжи таа поддршка, но, за разлика од Франција и Велика Британија, е воздржан во врска со идејата за испраќање војници во Украина за поддршка на евентуалниот прекин на огнот, велат западните аналитичари.
Сепак, Германија досега отсекогаш била воздржана да испорача повеќе помош на Украина од кој било од нејзините европски соседи, потсетуват тие.
„Не“ сега , не значи „не“ засекогаш за распоредување на војници или учество во каква било форма што би можеле да ја имаат европските сили во Украина.
Германците сега се најмногу загрижени што ќе се случи со 35.000 американски војници стационирани во нивната земја, кои им даваат чувство на сигурност.
Многу е невообичаено надворешната политика да биде главна грижа на гласачите во време на избори, се забележува во западните текстови.
Но, во Германија овој викенд, покрај економијата и миграцијата, многу гласачи изјавија дека се загрижени за мирот во Европа и дека се чувствуваат многу несигурни.
Германското Министерство за внатрешни работи уште во ноември објави дека составува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивилите.
Западните аналитичари сметаат дека иако Украина можеби е далеку, Германците сепак се чувствуваат изложени на голем ризик од Русија поради две причини.
Прво, количината на воена опрема што нивната земја ја испрати во Украина.

Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), со слоганот „Германија на прво место“, води кампања за Берлин да се повлече од Украина и да ги обнови односите со Русија. Стратегија која не е различна од онаа на Трамп, како што партијата сака да укаже.
Второ, многумина во Германија мислат дека ако Русија навистина сака да ја дестабилизира Европа, може да биде во искушение да погоди една од „големата тројка на држави “ со проектил со долг дострел.
Исто така не смее да се заборави и фактот дека Франција и Велика Британија се нуклеарни сили. а Германија не е.

Дури и нејзината конвенционална армија нема доволно персонал и опрема, па Германија стравува дека е лесна цел, се наведува во тексот на ББС
Особен проблем за идниот германски канцалар може да биде и најавите на Трамп дек ќе ги повлече активните војници од Германија.
Тој најави дека значително ќе го намали присуството на американски војници во цела Европа.
Чувството на длабока внатрешна несигурност во Германија го поттикна Фридрих Мерц да предложи минатата недела дека ќе побара од Франција и Велика Британија да формираат европски нуклеарен чадор, кој ќе ги замени американските нуклеарни гаранции.
Тоа е идеја што е лесно да се изнесе на патеката на кампањата, но која во реалноста е многу сложена – вклучува прашања за способност, посветеност и контрола.