Новинарите се виновни што претседателот се подмокрил?

Шест новинари се приведени во Јужен Судан откако се појави видео-снимка на која се гледа како претседателот Салва Кир Мајардит се помокрил на официјален настан, соопшти денеска Националниот синдикат на новинари.

Видеото снимено декември, покажува темна дамка, што се шири низ сивите панталони на 71-годишниот претседател додека мирно стои за време на националната химна по повод пуштањето во употреба на новоизградениот пат. Снимката не беше емитувана на телевизија, но беше споделена на социјалните мрежи.

– Новинарите, кои работат за државната радиодифузна корпорација Јужен Судан, беа приведени на 3 и 4 јануари. Тие се осомничени дека биле свесни за тоа дека видеото ќе добие публицитет, изјави претседателот на Синдикатот на новинари во Јужен Судан, Патрик Ојет.

Мајардит е претседател откако Јужен Судан се стекна со независност во 2011 година. Владините претставници постојано ги негираа гласините на социјалните мрежи дека тој не е во добра здравствена состојба.

– Инцидентот е дел од шемата што ја користат безбедносните службеници за да прибегнуваат кон произволно притворање доколку се оцени дека медиумското покривање не ги прикажува функционерите во добро светло, наведе претставникот на Комитетот за заштита на новинарите за Субсахарска Африка, Мутоки Мумо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот