Протести во Нови Сад / фото: скриншот

Нови Сад: Отпуштени од работа двајца таксисти кои сакаа да поминат низ протестната блокада

Новосадската компанија „СОС такси“ соопшти дека отпуштила од работа двајца возачи кои се обидоа да поминат низ протестната блокада за време на кампањата „15 минути молк“.

„СОС такси, како и досега, ги поддржува сите граѓани и студенти и целосно се оградува од несовесното однесување на двајцата „колеги“ кои штотуку беа отпуштени од „СОС такси“ поради ваквото однесување за време на блокадата. Сè уште сме со вас и нашите студенти со целосна поддршка“, соопшти компанијата.

Оттаму додаваат дека не се во можност да го следат однесувањето на секој член и неговиот однос кон оддавањето почит за жртвите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

„Затоа искрено ве молиме секогаш да ни укажувате на поединци кои самоволно не ја почитуваат оваа форма на солидарност со сите наши граѓани“, велат од здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот