Фото: „Икс“

ВИДЕО | Нови Сад: Декан и професори ги избркаа студентите од факултет и им ја јадат храната донирана од граѓани

Српските студенти кои од ноември го блокираа Филозофскиот факултет во Нови Сад и мала група граѓани, кои се собраа на нивен повик откако деканот Миливој Алановиќ утрово влезе во факултетот, сè уште се пред високообразовната институција, а им се придружи и група земјоделци со трактори. Студентите се распоредени на сите влезови, а поставија и шатор. Тракторите се паркирани на платото пред факултетот, јавува „Н1“.

Ова се случува откако деканот Алановиќ и група од десетина професори утрово насила влегоа во зградата, по што ги избркале студентите надвор. Тој во изјава за медиумите рече дека ништо необично не се случило утрово, туку дека група професори едноставно влегле на нивните работни места, по што ги замолиле студентите да ги земат своите лични работи и да го напуштат факултетот за да може тој да почне да се подготвува.

Во меѓувреме, студентите објавија снимка на која се гледа како деканот и професорите во просториите на факултетот ја јадат храната која на студентите им ја донеле граѓани.

Деканот Алановиќ изјави дека заедно со професорите кои дошле ќе останат внатре до понатамошно известување, сè додека ситуацијата не се нормализира. Филозофскиот факултет во Нови Сад претходно објави дека испитниот рок на 1 септември, или надоместокот за декемврискиот испитен рок, ќе се одржи од 1 до 9 септември. На 22 август, факултетот објави дека онлајн регистрацијата за вториот уписен рок ќе се одржи на 4 и 5 септември, а приемниот испит на 8 септември.

Филозофскиот факултет беше првиот од факултетите во Нови Сад што влезе во блокада во декември минатата година. На електронска седница одржана од 6 до 8 јуни, Наставно-научниот совет донесе одлука за надоместокот на наставата во зимскиот и летниот семестар од академската 2024/25 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот