Бенжаман Менди доби ново обвинување за силување/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Нови проблеми за Менди, дефанзивецот на Сити обвинет за уште две силувања

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенжаман Менди кој е веќе обвинет за четири силувања, денеска доби ново обвинение за дополнителни две силувања.

Оваа информација за англиските медиуми ја потврди обвинителството во Чешир кое веќе во август покрена обвинение за четири силувања поради што фудбалерот се наоѓа во притвор со почетокот на судскиот процес.

„Окружното обвинителство на Чешир како и кралското обвинителство сакаат да потсетат дека се води постапка пртив Матуир и Менди и дека обвинетите имаат право на фер судење“, соопшти обвинителството во Чешир.

Менди е обвинет дека во периодот од октомври 2020. до август 2021. година силувал четири девојки, а некои од нив биле малолетни. Манчестер сити веднаш го суспендираше Менди и не сакаше да се огласува по обвиненијата се додека истрагата не биде готова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!