
Нови поволности за бесплатните корисници на Спотифај: Конечно ќе можат да пребаруваат и да пуштаат песни по своја желба
Шведската платформа за музика Спотифај објави дека сите корисници кои не плаќаат претплата ќе можат да пребаруваат и да пуштат која било песна по желба, што претставува една од најголемите промени во неговиот деловен модел досега.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Новиот пакет на функции – „Избери и пушти“, „Пребарај и пушти“ и „Сподели и пушти“ – треба да ја зголеми ангажираноста на бесплатните корисници, а истовремено да го зајакне бизнисот со реклами на компанијата.
Досега, корисниците без претплата на мобилните уреди можеа да слушаат музика на Спотифај исклучиво по случаен редослед, со ограничен број прескокнувања на песни. Сега ќе можат директно да изберат песна во апликацијата или да пуштат песна која им ја испратил пријател или уметник преку социјалните мрежи.
Корисниците на бесплатната верзија на Спотифај, сепак, ќе можат да ги користат овие функции само ограничено време во текот на денот, по што ќе бидат вратени на претходниот режим. Шведската компанија не прецизираше колку е лимитот, но потврди дека претплатниците сè уште немаат такви ограничувања.
Оваа промена доаѓа во време кога бизнисот со рекламирање на компанијата се соочува со потешкотии.
Извршниот директор Даниел Ек призна дека растот на приходите од реклами е побавен од очекуваното и од почетокот на годината до јуни изнесувал 11% од вкупните приходи, далеку од целните 20%.
Засилената активност на корисниците би можела да го зголеми бројот на прикажани огласи и да помогне во постигнувањето на оваа цел.
Според последните податоци, Спотифај има 696 милиони активни корисници месечно, од кои 433 милиони ја користат бесплатната верзија.