Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

Нови детали од посетата на Велика Британија: Трамп и Меланија спијат во одделни соби, еве зошто

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија пристигнаа во официјална посета на Велика Британија, а според извори од британското кралско семејство, тие ќе спијат во одделни апартмани во замокот Виндзор.

Како што велат изворите, двојката наводно одлучила да има поголема приватност за време на нивната државна посета на Велика Британија, па дури и нарачала постелнина што била испратена од САД. За среќа, Виндзор не му недостасува простор, бидејќи има над 1.000 соби, вклучувајќи државни комори, приватни апартмани, капели и канцеларии.

Се вели дека причината за двете соби е поврзана со традицијата дека ако сопругот си легне подоцна од сопругата, може да спие на друго место без да ја вознемирува, пишува „Дејли Мејл“.

Шегите за посебната соба на Меланија веднаш се појавија во британскиот печат, додека кралскиот експерт Аластер Брус објаснува дека главните гости во Виндзор обично добиваат апартман со двоен и единечен кревет, па затоа двојката можела да биде заедно – ако сакала.

Патем, шпекулациите за нивната брачна оддалеченост траат со месеци. Меланија претежно престојува во Њујорк, додека Доналд Трамп ја подготвува Белата куќа во Вашингтон според неговата визија. Сепак, одделните спални соби не се невообичаени во британското кралско семејство – кралицата Елизабета II и принцот Филип исто така спиеја одделно, додека кралот Чарлс и кралицата Камила дури живеат во одделни резиденции.

Според британските медиуми, луѓето на Трамп го прегледале апартнамот во Виндзор и заклучиле дека кралската постелнина „не е доволно добра“, па затоа испратиле своја. Еден дворјанин се пошегувал дека Трамп „не сакал да ги уништи кралските чаршафи со траги од неговиот крем за самопотемнување“.

Новинарот Мајкл Волф претходно изјави дека Доналд и Меланија се „во суштина разделени“ и живеат одвоени животи. Белата куќа остро го нападна за ова, нарекувајќи го измамник и лажго.

За потсетување, британскиот крал Чарлс трети и неговата сопруга кралицата Камила вчера го пречекаа американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга пред замокот Виндзор.

Претседателот на САД беше пречекан од почесна гарда, по што Трамп и британскиот крал ги поздравија војниците, по што беа отсвирени американските и британските национални химни.

Потоа Трамп и кралот влегоа во кочија со своите сопруги што ги однесе до замокот, каде што беше подготвен свечен ручек за гостите.

Трамп пристигна во замокот Виндзор со хеликоптер од резиденцијата на американскиот амбасадор во Лондон, а по слетувањето го пречекаа принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт.

Ова е прва официјална посета на Трамп на Велика Британија во неговиот втор мандат.

ВИДЕО | Трамп и Меланија пристигнаа во Лондон: Читач на усни открива што ѝ се пожалил тој кога слетале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот