
Новата власт во Штип го врати името Република Македонија, советниците од СДСМ ја напуштија седницата
Свечената конститутивна седница на Советот на Општина Штип денеска се одржа во присуство на 13=темина советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден на Левица, додека деветтемина советниците од опозициската СДСМ ја напуштија седницата.
Препорачано
На првата седница мнозинството и опозицијата ги скара писмената свечена изјава, на којашто наместо да стои уставното име на државата Република Северна Македонија, стоеше Република Македонија.
Маријана Рогожарска-Поповска, советник од СДСМ истакна дека не треба да се оди против Уставот и побара правно толкување од службите.
Откако мнозинството советници на ВМРО-ДПМНЕ им го одбија барањето тие ја напуштија седницата.
Свечена изјава дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден на Левица, онака какошто службите им ги подготвиле со Република Македонија.
Мнозинството советници без присуство на опозицијата денеска за претседател на Советот на Општина Штип ја избираа Весна Карагунова-Кожинкова.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5