Себастијан Лекорну / Фото EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Новата влада во Франција не издржа ниту еден месец, Себастијан Лекорну си поднесе оставка

Францускиот премиер Себастијан Лекорну и неговата влада денес поднесоа оставка, само неколку часа откако премиерот го именуваше својот кабинет, соопшти канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон, јавуваат медиумите.

Елисејската палата издаде соопштение откако Лекорну утрово одржа едночасовен состанок со претседателот Емануел Макрон.

Изненаден потег

Изненадувачкиот потег доаѓа само 26 дена откако Лекорну беше именуван за премиер, по падот на претходната влада на Франсоа Бајру.

Неколку партии во Националното собрание остро го критикуваа составот на кабинетот на Лекорну, кој во голема мера остана ист како оној на Бајру, и се заканија дека ќе го соборат со гласање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот