Сушила Карки, премиерка на Непал/ Фото: ЕПА

Новата премиерка на Непал вети решителна борба против корупцијата

Новата премиерка на Непал, Сушила Карки, вети дека ќе одговори на барањата на демонстрантите кои бараат крај на корупцијата,  по немирите кои се случија во изминатата недела и во кои загинаа најмалку 72 лица

Она што го бараат е крај на корупцијата, тие бараат добро управување и економска еднаквост. Вие и јас мора да бидеме решителни во постигнувањето на тие цели“, рече Карки, која на оваа функција дојде пред два дена.

Непалскиот главен град Катманду беше место на насилни антивладини протести во понеделникот и вторникот, во кои најмалку 72 лица ги загубија животите, а 191 лице беше повредено.

Десетици илјади демонстранти, претежно млади луѓе, излегоа на улиците гневни поради раширената корупција и сиромаштија, додека децата на политичките лидери, познати како „деца на непо“, уживаат во луксузен животен стил, потсетуваат агенциите.

Протестите набрзо станаа насилни, при што зградата на парламентот беше запалена, а полицијата отвори оган, што доведе до оставка на премиерката Шарма Оли, кој избега од својата официјална резиденција.

Самото седиште на владата во древниот бел дворец беше запалено на 9 септември, заедно со канцелариите на претседателот, Врховниот суд, клучните владини министерства и неколку полициски станици.

Мирот беше вратен откако армијата ја презеде контролата врз улиците, по што започнаа преговори меѓу демонстрантите, армијата и претседателот на земјата за преодна влада.

Карки беше назначена за нов премиер на 12 септември. Таа беше многу популарна додека беше единствена жена на чело на судот во 2016 и 2017 година, кога ја истакна широко распространетата корупција како голем проблем што ја мачи нејзината земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот