Анонимуси/ Фото ANP / ddp USA / Profimedia

Нова закана на Анонимуси: Хакерски напади врз руски телевизии

Хакерската група Анонимус тврди дека ги хакирале преносите на руската државна телевизија за да прикажат снимка од војната во Украина.

Во објава на Твитер, Анонимус соопштија дека хакирале канали меѓу кои Русија 24, Канал 1 и Москва 24, покрај руските стриминг сервиси Винк и Иви.

Во посебна објава, групата рече дека е вклучена „во најголемата операција на Анонимус некогаш видена“, додавајќи дека е загрижена што некои влади може да го сфатат тоа како закана и да спроведат операции со лажни знамиња за да ја дискредитираат.

„Сетете се на нас кога разни сили ќе го свртат своето внимание кон нас, бидејќи тоа ќе се случи“, велат од Анонимус. „Можеме да го промениме светот на подобро. Тоа отсекогаш била идејата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот