Нова војна во Косово не е исклучена – зад Србија стои Путин, вели Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека постои можност од избувнување нова војна во Косово, имајќи предвид дека Србија продолжува да ја снабдува својата војска со оружје од Русија и Кина.

Во интервјуто за хрватскиот весник „Вечерњи лист“ што го пренесуваат косовските медиуми, Курти вели дека „би било неодговорно да се каже дека никогаш повеќе нема да има конфликт и војна”.

– Доколку нема подготовки за војна, зошто минатата година Србија и Русија одржаа 104 заеднички воени вежби (на српска територија) од 91 колку што имаа најавено и во исто време ги изведоа двете најголеми вежби, насловени „Славјански штит” и „Славјанско братство”, изјави Курти.

Одговарајќи на прашањето за неговото спротивставување на формирањето на формирањето Заедница на српски општини во Косово, Курти рече дека тоа би претставувало „вовед во создавањето на една нова Република Српска” во регионот.

Според косовскиот премиер, најопасна работа во моментов е тоа што „раководството на Србија ја смета Русија за своја мајка”.

За можноста од нов конфликт во Косово и во регионот, Курти предупреди и во интервјуто што минатиот месец го даде за „Ла Република”, посочувајќи ги врските на официјален Белград, на чело со претседателот Александар Вучиќ со режимот во Москва, предводен од Владимир Путин.

– Ризикуваме војна. Зад Србија стои Путин. Не би рекол дека опасноста е многу висока, затоа што ние го имаме контингентот на НАТО тука, но сигурно дека е висока. Ние сме една демократија која има една автократија на границата, изјави Курти за италијанскиот весник во август годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!