Нова учебна година, нови маки за родителите: За прибор и сите потребни материјали, требаат барем 100 евра!

Родителите на учениците почетокот на новата учебна година го дочекаа соочени со рекордни трошоци за материјали, прибор и тетратки. Цените на сите овие производи се повисоки годинава споредено со лани. Ранец, тетратки, блок, боички, фломастери, пенкала сите заедно за едно дете чинат барем 6 илјади денари. На овие трошоци голем број семејства се соочени и со трошоците за нови патики, облека и автобуски билет.

Трошоците се удвоени во семејствата каде има повеќе од едно дете. Септември е скап месец особено за семејствата во кои има првоодделенци.

Министерството за образование информира дека новата учебна година ќе почне со 245 илјади ученици во основните и средните училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот