Ковид-19 / Фото: Илустрација

Нова мутација на Делта вирусот

Научниците ширум светот внимателно го следат подвидот на многу заразна варијанта на делта што се шири низ Велика Британија.

Англиските здравствени експерти велат дека внимателно го следат под типот на варијантата делта наречен AY.4.2, кој неодамна предизвика инфекција кај голем број луѓе.

Франсоа Балоу, директор на Лондонскиот институт за генетика, информираше дека подвидот AY.4.2 може да биде дури 10 проценти позаразен од варијантата делта AY.4 што се прошири низ Британија.

„Затоа е исклучително важно да се следи овој подвид“ на вирусот , додаде тој.

Unsplash
Unsplash

Дали новата варијанта на Делта вирусот е повеќе заразна?

 

Од 27 септември, 6 проценти од последователните тестови покажаа подтип AY.4.2, се наведува во британскиот извештај за јавно здравје. Во извештајот се наведува дека проценките може да бидат неточни бидејќи било тешко да се следат мутациите на овој вид на вирусот.

Надлежните власти сметаат дека новата варијанта засега не е „непосредна причина за загриженост“, но повика на „итно истражување“ за да се утврди дали е по инфективна и дали може да избегне евентуален имунолошки одговор.

„Треба да работиме на побрза карактеризација на овие и други нови варијанти,на вирусите сметаат бртианските здравствени власти.

Сепак, според статистиката процентот на заразени со овој нов подвид се зголемува, што покажува дека подвидот има предност пред варијантата на делта. Она што е олеснително за овој подвид е тоа што новиот вирус ја презема делтата побавно од брзината со која делтата ја надмина алфа варијантата, на Ковид.

Оваа варијанта засега е ретка во дргите држави а досега се пријавени само три регистрирани случаи во САД.

/ Фото: ЕПА

Нови мутации

Вирусот што предизвикува Ковид-19 има околу две нови мутации месечно и досега се откриени 56 типа вирус кои потекнуваат од делта варијантата , пренесува Science alert.

Овој нов подвид AY.4.2 има две мутации во делот на вирусот што се врзува за човечките клетки, наречен шип протеин.
Се уште не е познато како овие мутации ќе влијаат врз однесувањето на вирусот, а досега ниту една од овие мутации не е откриена во други варијанти кои предизвикуваат загриженост.

Варијантите кои предизвикуваат загриженост се оние за кои постојат јасни докази дека мутациите во нив имаат значително влијание врз преносот, сериозноста на болеста или имунолошкиот одговор, што најверојатно ќе има влијание врз епидемиолошката ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот