Земјотрес во Авганистан Фото: EPA/SAMIULLAH POPAL

Нов земјотрес од 6,2 степени го погоди Авганистан

Нов земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Авганистан, во момент кога бројот на жртви од разорниот потрес во неделата се искачи на повеќе од 2.200 лица, објави Гардијан.

Според Центарот за геонауки „Хелмхолц“ во Германија, потресот се случил во југоисточните региони во четвртокот навечер. Засега не е јасно колкава е штетата.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени како последователен потрес го погоди регионот во вторникот, предизвикувајќи паника и прекинување на спасувачките операции, бидејќи повеќе патишта беа блокирани од одрони.

Портпаролот на Талибанците, Хамдулах Фитрат, во четвртокот потврди дека бројот на загинати од земјотресот со јачина од 6,0 степени во неделата се искачил на 2.205 – што е значително повеќе од претходните процени од 1.400 и го прави еден од најсмртоносните природни катастрофи што ја погодиле земјата во последниве децении.

Уште еден земјотрес во Авганистан, се стресе местото каде што загинаа најмалку 1.400 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!