Фото: Pexels

Нов Зеланд нуди 32 дена годишен одмор и 26 недели целосно платено породилно

Објавена е светската ранг-листа „Глобален баланс помеѓу животот и работата“, која покажува кои 10 земји постигнале најдобар баланс помеѓу работата и приватниот живот во 2025 година.

При рангирањето, земени се предвид важни фактори за работата и балансот во однос на приватниот живот, како што се законскиот годишен одмор, пристапот до здравствена заштита, јавната безбедност и просечниот број работни часови неделно.

Исто така, земени се предвид и надоместоците за мајчинство, платено отсуство, минимална плата, здравствена заштита, безбедност и среќа.

Десетте најдобри земји: Нов Зеланд, Ирска, Белгија, Германија, Норвешка, Данска, Канада, Австралија, Шпанија и Финска. Нов Зеланд е на врвот на листата со индексен резултат од 86,9 од 100 – со минимална плата од 16,42 долари на час (околу 28 км), нуди 32 дена законски годишен одмор и 26 недели целосно платено породилно отсуство.

Најдолгиот одмор во првите 10 земји го имаат Шпанците и Финците, кои одмараат 36 дена, додека Норвешка нуди особено добри услови за платено породилно отсуство, кое изнесува 49 недели. „Продолжуваме да го објавуваме нашиот годишен извештај за да ја истакнеме растечката потреба за рамнотежа помеѓу работата и животот низ целиот свет, истакнувајќи ги земјите што го водат патот, како и оние што сè уште не го сториле тоа“, велат од Римоут, пренесува Кликс.ба. кои го објавуваат овој глобален индекс за рамнотежа помеѓу работата и животот.

Во 2025 година, рамнотежата помеѓу работата и животот е многу повеќе од управување со времето. Со оглед на тоа што економските, технолошките и социјалните фактори влијаат на голем дел од светската работна сила, клучно е да ја нагласиме важноста на личната и професионалната хармонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот