Фото: Al Safa HC

Нов предизвик за Брестовац на Блискиот Исток, ќе биде тренер на Ал-Сафа од Саудиска Арабија

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац има нов предизвик на Блискиот Исток.

Македонскиот стратег е промовиран за нов тренер во екипата на Ал-Сафа од Саудиска Арабија. Брестовац до пред неколку дена ја водеше селекцијата на Обединетите Арапски Емирати, а кормилото на оваа репрезентација го напушти по завршувањето на Азискиот Куп.

Асистент на Брестовац во саудискиот клуб ќе му биде уште еден Македонец, младиот Алексо Лембанов.

Во кариерата на клупски план Брестовац во Македонија беше тренер на Металург и Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот