Хеликоптерската единица при МВР го изгасна пожарот во реонот на Демир Капија/Фото: МВР

Нов пожар во Липковско, има опасност да зафати борова шума

Во моментов горат трева и грмушки, а противпожарните екипи прават напори огнот да не ја зафати и боровата шума во близина.

Сериозен пожар вечерва беснее во регионот на Липковско на линијата од селата Слупчане – Ваксинце во насока кон Алашевце.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), тој се разгорел доцна попладнево.

„Линијата на огнот е подолга од 300 метри. Во близина има борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки“,

велат од ЦУК.

Денеска, противпожарните екипи во земјава се бореа и со голем пожар во Богданци кај тамошниот ветерен парк. Пожарот избувна вчера, а денеска попладне беше изгаснат и екипите се повлекоа од местото. Покрај овие, во текот на денот ЦУК регистрираше уште 10 други пожари на отворено во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот