Нов поморски инцидент во Јужното Кинеско Море: Кина објави дека „протерала“ американски разорувач

Кинеската војска соопшти дека „протерала“ американски разорувач од спорните води во Јужното Кинеско Море, во ескалација на конфликтот меѓу двете најмоќни војски во светот. Досега САД не реагирале.

Американската морнарица го распореди разурнувачот „УСС Хигинс“ и помал воен брод, „УСС Синсинати“, во близина на Скарборо Шоул, група гребени и островчиња во Јужното Кинеско Море, чија сопственост е спорна меѓу Кина и Филипините.

Се забележува дека пред неколку дена, кинески бродови се судрија додека гонеа брод на филипинската крајбрежна стража.

Службеници на крајбрежната стража дистрибуирале помош на филипинските рибари во Скарборо кога кинеската крајбрежна стража „извршила опасен маневар“ што предизвикал „значителна штета“ на предната палуба на кинескиот воен брод, изјави капетанот Џеј Тариела.

Пекинг го потврди овој поморски инцидент и ги обвини Филипините за „насилно навлегување“ во кинеските води.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот